Русија го казни „Ватсап“ поради забранета содржина

Лого на апликацијата Ватсап (WhatsApp) / EPA-EFE/RITCHIE B. TONGO
Лого на апликацијата Ватсап (WhatsApp) / EPA-EFE/RITCHIE B. TONGO

Руски суд денеска ја казни апликацијата за пораки „Ватсап“ со три милиони рубли (34.718 евра) затоа што не избришала забранета содржина, што е прва таква казна во Русија.

Иако матичната компанија на „Ватсап“, „Мета“ беше забранета во Русија минатата година како „екстремистичка“ организација, апликацијата за пораки – која е многу популарна во Русија – досега не е казнета поради тоа што не ги отстрани забранетите информации.

Другите компании под „Мета“, како „Фејсбук“ и „Инстаграм“ – сега забранети во Русија – беа казнети поради нивната содржина, како и услугите како „Твитер“ и „Гугл“.

„Ватсап“, сепак, претходно беше казнет поради наводно одбивање да се усогласи со рускиот закон за податоци и складирање на податоците на руските корисници на серверите во земјата.

Новинската агенција „РИА“ објави дека казната е изречена денеска како резултат на одбивањето на „Ватсап“ да ги отстрани информациите за лекот „Лирика“, чија продажба и производство е забранета во Русија.

Москва со години е во судир со технолошките компании поради содржината, цензурата, податоците и локалното претставување во споровите што ескалираа откако Русија ги испрати своите вооружени сили во Украина на 24 февруари 2022 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот