Рушту ја имаше одбраната на животот, го победи коронавирусот
Поранешниот голман на турската репрезентација денеска е отпуштен од болница по 11. поминати денови во борба за сопствениот живот.
Рушту Речбер успеа да го победи коронавирус и така да ја изведе одбраната на животот. Легендарниот голман успеа да се одбрани од сртоносниот вирус иако му беше загрозен животот и беше ставен на респиратор во последните неколку дена.
Убавата вест ја објави неговата сопруга Исил.
„Ова е преубав ден, по 11 напорни денови мојот сопруг беше отпуштен од болница. Фала му на бог, тој е нашиот чувар кој сите не гледа. Иако мора да бидам среќна, таа среќа е половична бидејќи во болницата има уште многу пациенти кои чекаат да бидат излечени. Нашите молитви ќе продолжат за сите кои се борат да преживеат на одделот за интензивна нега“, напиша меѓу другото Исил.