Турскиот легендарен голман Рушту се бори за живот, ставен на респиратор

Рушту Речбер, поранешниот голман на репрезентацијата на Турција се наоѓа во животна опасност поради коронавирусот.

Речбер е позитивен на ковид-19 вирусот и се наоѓа во болница каде докторите се борат да го спасат неговиот живот.

Тој е приклучен на респиратор, а сопругата ја известува јавноста за неговата здравствена состојба.

Шокирани сме колку брзо се разви болеста – порача Исил Реџбер, која го зарази сопругот по доаѓањето од САД.

Според турскиот весник „Милиет“, Исил не ја почитувала забраната за задолжителен двонеделен карантин, и веднаш заминала во нејзиното фризерско студио.

Рушту Речбер во кариерата бранеше за Фенербахче, Бешикташ и Барселона, а беше дел од репрезентацијата на Турција на Светското првенство 2002 година кога го освои третото место.
Рушту е рекордер по бројот на настапи за репрезентацијата на Турција, дури 124 пати го бранеше голот на националниот тим и учествуваше на три Европски и едно Светско првенство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот