Руши рекорди: Автобиографијата на принцот Хари е најпродаваната публицистичка книга во историјата
Автобиографијата на принцот Хари наречена „Spare“ е најбрзо продавана публицистичка книга во историјата, објави нејзиниот издавач, кој за еден ден продал веќе 400.000 примероци во електронски, аудио и класичен формат на книга.
Препорачано
„Отсекогаш знаевме дека оваа книга ќе успее, но таа ги надминува дури и нашите најголеми очекувања“, изјави Лери Финлеј, директор на „Transworld Penguin Random House“.

„Колку што знаеме, единствените книги кои оствариле поголема продажба во првиот ден се оние во кои е ѕвезда другиот Хари“, додал Финлеј, мислејќи на книгите за Хари Потер.
Книгата на принцот Хари, чие издание на шпански јазик било по грешка пуштено во јавноста порано отколку што било планирано, беше официјално пуштена во продажба во вторникот.

Љубопитните читатели побрзаа во книжарниците за да го добијат својот примерок од мемоарите кои содржат интимни откритија за британското кралско семејство.
„Spare“ веќе привлече внимание ширум светот поради обвинувањата на Хари на сметка на неговиот татко, кралот Чарлс, неговата сопруга Камила и постариот брат, принцот Вилијам.
ВИДЕО+ФОТО | Вилијам и Хари повторно еден покрај друг: Кејт и Меган во црно од глава до пети
„Ја најдов Мег на подот, лелекаше“: Хари ги откри смс-пораките за караницата помеѓу Кејт и Меган


