Румениге потврди дека Алкантара заминува од Баерн

epa08620973 Thiago Alcantara of FC Bayern celebrates with the trophy after winning the UEFA Champions League final between Paris Saint-Germain and Bayern Munich in Lisbon, Portugal, 23 August 2020. EPA-EFE/Miguel A. Lopes / POOL

Извршниот директор на европскиот шампион, Карл-Хајнц Румениге, потврди дека шпанскиот репрезентативец во наредните денови ќе си замине од клубот.

– Изгледа дека Алкантара сака да не напушти. Ни рече дека на крајот од кариерата сака да испроба нешто ново и нема да се предомисли. Тој покажа дека знае да игра на големи натпревари и затоа неговото заминување ќе биде голема загуба за нас – изјави Румениге.

Шпанскиот репрезентативец е најблиску до трансфер во Премиер лигата и тоа во редовите на шампионот Ливерпул, но засега „црвените“ немаат доставено официјална понуда.

Играта на нерви не им се допаѓа на челниците на Баерн и му поставија ултиматум на Ливерпул, до петок да седнат на преговарачка маса инаку Тијаго Алкантара ќе биде понуден на останатите конкуренти.

Најзагреан покрај Ливерпул е Манчестер јунајтед кој е подготвен веднаш да плати 35 милиони евра колку што бараат баварците.
– Очекуваме конкретни понуди во наредните денови. Засега нема ништо – потенцира Румениге.

Тијаго Алкантара во Баерн Минхен пристигна во 2013 година од Барселона и досега одигра 235 натпревар на кои постигна 31 гол. Со Баерн освои седум титули во Бундеслигата, четири германски Купа, три Суперкупа на Германија, светско клупско првенство, а пред една недела триумфира и во Лигата на шампионите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот