РУИЗ VS ЏОШУА: Подготвени ли сте за борбата во пустината? (ВИДЕО)

фото:твитер

Големата ѕвезда Ентони Џошуа и шампионот Енди Руиз го завршија официјалното мерење пред утрешниот реванш, во кој Англичанецот ќе се обиде да ја врати честа по шокантниот пораз во јуни.

Што вели вагата? Руиз има 128,3 килограми, што му е најголема тежина и скоро седум килограми повеќе од јуни.

Џошуа има 107 кг., четири и пол килограми помалку од претходната борба. Ова е негова најмала тежина од 2014. година.

Сите љубители на боксот се сеќаваат како Руиз како целосен аутсајдер во јуни го нокаутираше Џошуа (прв пораз во кариерата) и стана првиот Американец со мексиканско потекло кој стана шампион во тешка категорија.

Џошуа ќе се обиде да се реваншира. Освојувач на златен медал на Олимписките игри во 2012. година и оттогаш е мега ѕвезда во Велика Британија.

Круна, легитимитет и светска почит стекна кога во април 2017. година на „Вембли“ го нокаутираше дотогашниот „крал“ на рингот, на залезот на кариерата, Владимир Кличко.

Реванш закажан, но не во „Медисон Сквер Гарден“, не на „Вембли“, туку во Саудиска Арабија. Битката според најавите ќе започне в сабота (7. декември) со почеток од 22.00 часот по македонско време.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот