Руи Мота/фото: ludogorets.com/bg

Руи Мота: На реваншот против Шкендија мора да бидеме подобри во секој аспект од играта

Фудбалерите на Шкендија триумфираа во првиот натпревар од плејофот на Лигата на Европа во Скопје против Лудогорец со 2:1.

Актуелниот македонски шампион е поблиску до лигашката фаза на ЛЕ, но тренерот на тетовските „црвено-црни“ и натаму ја препушта фаворитската улога на бугарскиот првак кој има богата историја со доста меѓународни настапи во европските клупски натпреварувања.

Португалскиот тренер на Лудогорец, Руи Мота, по завршувањето на мечот на Националната арена „Тодор Проески“ кажа дека неговиот тим не одиграл на потребното ниво:

Добро го започнавме натпреварот и ги контролиравме нештата на теренот. Наоѓавме простори, постигнавме гол и потоа како да престанавме да играме. Почнавме да губиме едноставни топки, многу индивидуално. Им дадовме точно она што го сакаа од нас во овој меч. Благодарение на нивните брзи крила, постигна два гола по два контранапади.

Знаевме што да очекуваме од нив, Шкендија има брзи играчи, играат со долги дијагонални додавања. Моравме да бидеме внимателни и да не ја губиме топката толку лесно. Теренот е тежок, но тоа не е изговор за нас.

На овој терен мора да играте едноставно, за да не ја изгубите топката едноставно. Знаете дека имаме широка клупа, можеме да си дозволиме ротирање на играчите. Тоа беше нашата цел. Играчите кои се мачеа создадоа неколку шанси за гол. Но, не станува збор за поединци, туку за целиот тим – се бориме заедно, губиме заедно. Станува збор за тоа како реагирате на проблемите. Кога не победувате, расположението е лошо. Мораме да се кренеме. Контранападите беа нивниот план – рече Руи Мота.

Реваншот во Разград меѓу Лудогорец и Шкендија ќе се игра на 28 август со почеток од 19.30 часот.

На возвратниот дуел мора да покажеме многу подобри перформанси. Во Скопје не игравме добро. На реваншот против Шкендија мора да бидеме подобри во секој аспект од играта – се зборовите на Португалецот.

ФОТО+ВИДЕО: Бугарскиот шампион падна во Скопје, Шкендија чекори кон Лига Европа!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот