ФОТО+ВИДЕО: Бугарскиот шампион падна во Скопје, Шкендија чекори кон Лига Европа!
Фудбалерите на Шкендија вечерва во Скопје одиграа одличен натпревар против бугарскиот шампион Лудогорец и славеа победа од 2-1 со што тетовскиот клуб си обезбеди предност пред реваншот на гости во Бугарија за седум дена.
Препорачано
Лудогорец допатува како фаворит во Скопје, а почетните минути донесоа израмнета игра со по некоја прилика и на двете страни. Гостите сепак први дојдоа до водство и тоа преку Дуарте по 17 минути игра.
Тој гол не ја откажа Шкендија која продолжи со добрата игра и наградата стигна во 35. минута и тоа на спектакуларен начи. Љатифи маестрално изведе слободен удар од огромна далечина и го матираше голманот Падт.
На паузата се замина со по еден гол и на двете страни. Вториот дел донесе иста слика на теренот, а радоста за избраниците на Јетон Беќири стигна по на истекот на еден час игра. Стрелецот Љатифи сега беше во улога на асистент, додека мрежата на бугарскиот претставник ја погоди искусниот Бесарт Ибраими.
Во продолжение од средбата темпото на игра падна и Шкендија успеа да слави победа. Ќе потсетиме, Шкендија веќе има обезбедено место во Европа, најмалку во Конференциската лига меѓутоа по овој резултат шампионот во ПМФЛ е блиску да го повтори успехот на Вардар од 2017 година и да се пласира во главниот дел од Лигата на Европа.















