Ругова: Курти не е заеднички кандидат за премиер

Пратеникот на Демократскиот сојуз на Косово (ДСК) Насер Ругова изјави дека лидерот на Самоопределување Албин Курти не е заеднички кандидат за премиер, како и тоа, доколку и дојде до договор меѓу овие две партии, премиерот ќе го даде неговата партија ДСК.

– Доколку дојде до договор, ДСК и Самоопределување ќе состават заедничка листа и ДСК ќе ја предводи таа листа – рече Ругова, пренесува Косовоонлајн, повикувајќи се на весникот Зери.

Весникот, исто така, наведе лидерот на ДСК, Иса Мустафа, и Албин Курти пред два дена се сретнале во Приштина, а седницата на косовското Собрание на која ќе се расправа за негово самораспуштање е закажана за 22 август.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот