„Романтично“ во Скопје, Ѓурѓевиќ двапати стрелаше против Беласица!

фото: facebook.com/fcrabotnicki/

Денеска се одигра и вториот натпревар од второто коло во Првата македонска фудбалска лига, Работнички со 2:0 славеше над Беласица.

На Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје екипата предводена од тренерот Достаниќ дојде во водство во 38 минута благодарение на Ѓурѓевиќ.

Истиот играч го постави конечниот епилог на стартот од второто полувреме (50`) за прва победа на „романтичарите“ оваа сезона.

На табелата Работнички е моментно третопласиран со три бода, додека струмичкиот клуб е на последното место без бодови.

Во првиот меч од рундата Силекс ремизираше со Беласица, а останатите четири средби од 17.00 часот ќе се одиграат в недела: Академија Пандев-Вардар, Шкупи-Македонија ЃП, Шкендија-Струга Трим Лум и Борец-Ренова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот