Романтичарите ги започнаа подготовките, Елмас не го заборава „својот“ Работнички
Работнички ги стартуваше подготовките за новата сезона во Првата лига. Со нов шеф на стручниот штаб, Љупчо Марковски Калц, и со амбиции да се остварат многу подобри резултати од минатогодишните, „романтичарите“ означија почеток на подготовките.
Препорачано
Спортскиот директор на клубот Горан Станковски им посака многу здравје на фудбалерите, а тренерот Марковски потенцираше дека единствено мерило ќе биде напорната работа и квалитетот на секој поединец, втемелен во тимскиот дух.
Тренингот на „романтичарите“ го следеше и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, сегашна ѕвезда на Наполи, кој не заборави од каде потекнува, токму од Работнички.
Нашиот фудбалски „дијамант“ не го заборава својот прв клуб во професионалната фудбалска кариера, а може тоа да биде и мотивација за играчите на Марковски во добро расположение го дочекаат стартот на новата сезона.
Работнички засега се засили со тројца нови фудбалери, голманот Игор Алексовски од Ренова, Филип Бошковски од Пелистер и Иво Јанакиевски од Скопје. Галеријата од тренингот на „романтичарите“ можете да ја погледнете ТУКА


