Романскиот судија Хацеган доживеа срцев удар додека тренирал

Овидиу Хацеган/ фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Познатиот фудбалски судија со значката на ФИФА и на УЕФА, Овидиу Хацеган доживеа срцев удар по што веднаш бил опериран во неделата вечерта во Темишвар.

Според романските медиуми, на Хацеган му се слошило за време на тренинг кога почувствувал болки во градите. Бидејќи тој по професија е лекар веднаш заминал во болница каде по извршениот ЕКГ преглед му било откриено дека има затната вена по што со оперативен зафат му бил вграден стент .

Хацеган моментно се наоѓа во болница, а неговата здравствена состојба е стабилна.

Хацеган пред десет дена го судеше мечот од осминафиналето во Лигата на Европа помеѓу Олимпик Лион и Порто. Романецот беше активен и во Лигата на шампионите, тој сезонава судеше на шест натпревари, а последен му беше осминафиналниот дуел помеѓу Атлетико Мадрид и Манчестер јунајтед.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот