Романот „Нишан“ на Блаже Миневски е литературен дијамант

По објавувањето на „Нишан“ во издавачката куќа „Slow“ од Варшава, чие издание е финансиски поддржано од Министерството за култура на Полска, романот на Миневски предизвика голем број реакции, осврти и позитивни рецензии кои ја истакнуваат вербата во лирската природа на прозата, во еманципативната моќ на јазикот, во потрагата по суштината на креативниот процес, но и во нејзиното општествено значење и акција.

“Романот „Нишан“ на Миневски е литературен дијамант – ремек-дело на македонската литература, предизвикувачки и исклучително амбициозен постмодерен роман. Станува збор за многу специфична проза која бара огромна концентрација и отвореност. Убава, лирска, со многу густ јазик, со сложена нарација, со користење на техника на тек на свеста, полна со симболика и бројни референци за литературата. Романот е запис за менталното искуство на човечко суштество заснован на внатрешниот монолог на протагонистот, кој на еден специфичен начин ја перцепира реалноста. Протагонистот не ги евоцира своите спомени хронолошки, односно тие се појавуваат спонтано или се предизвикани од одреден настан или асоцијација, а понекогаш и со мисла. Раскажувањето се обидува да го имитира растроениот начин на размислување на луѓето, па јас овој роман на македонскиот романсиер со задоволство го споредувам со „Улис“ на Џојс. „Нишан“ е роман за зрели и остроумни читателите кои ја ценат уметноста на раскажување, оние кои уживаат во литературни експерименти и јазик полн со неконвенционални метафори и споредби. Романот на Миневски е за луѓе со отворени умови кои сакаат да ги прошират своите литературни хоризонти. Признавам дека овој роман ме маѓепса, го чувствував со недели, некои пасуси ги читав по неколку пати, но нема да ве лажам – тоа не е книга за секого. За просечниот читател, кој претпочита претежно популарна литература, „Нишан“ ќе биде можеби тежок за читање но во тоа е и големината на вистинската литература“, пишува меѓу другото Милена Врба во својата рецензија за полскиот превод на романот „Нишан“ од Блаже Миневски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот