Романо: Елмас патува во Наполи за да ја комплетира позајмицата од РБ Лајпциг
Како што известува експертот за фудбалски трансфери, Фабрицио Романо, македонскиот репрезентативец Елиф Елмас денеска патува во Наполи за да ја комплетира позајмицата од РБ Лајпциг.
Препорачано
Како што од претходно е објавено, Елмас се враќа во неговиот поранешен клуб, во новата сезона ќе игра како позајмен играч во тимот од Неапол од германскиот клуб РБ Лајпциг.
Нашиот 25-годишен играч и минатата сезона настапуваше на позајмица во Торино со 19 настапи и четири голови во Серија А.
Наполи за позајмицата ќе плати два милиони евра, и ќе ја има опцијата следното лето да го откупи договорот на Елмас за 16 милиони евра.
Наполи предводен од тренерот Антонио Конте ја почна сезоната во италијанското првенство со гостински триумф од 2:0 против Сасуоло. В сабота дома од 20.45 часот во второто коло ќе го пречека Каљари.
Елмас наскоро го очекува нови настапи со нашата А селекција која на 4 септември во Прага, Чешка, ќе игра пријателски натпревар против Саудиска Арабија, а на 7 септември на Националната Арена „Тодор Проески“ – Скопје ривал е Лихтенштајн во рамките од квалификациите за пласман на Светското првенство 2026.
🔵⚪️✈️ Eljif Elmas travels to Napoli today in order to complete his move, deal agreed as reported yesterday. 🇲🇰 pic.twitter.com/NLn95yZTd8
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) August 29, 2025


