Романија по стапките на Унгарија: Десничарите бараат да се воведе анти-ЛГБТИ закон
И во Романија се појави иницијатива за закон со кој се забранува „ЛГБТИ пропаганда“. За тоа се залагаат десничарите, но иницијативата ја дадоа партијата на Унгарци во државата. Сега владата се соочува со голем притисок, пренесува Дојче веле.
Препорачано
Во Романија оваа тема ретко била тема на разговор во јавноста. Во 2018-та година бил одржан референдум против истополовите брачни заедници кој бил донесен од страна на романската православна црква, но референдумот пропаднал со само 21% излезеност.
Сега проевропската влада на Романија се наоѓа под притисок. Двете десничарски партии на Унгарците во Романија го испратија овој предлог кон Владата на Романија. Тие се залагаат за закон сличен како тој на Орбан, против „ЛГБТИ идеологија“ и „хомо-пропаганда“.
Иницијативата за законот бил поддржан и од страна на екстремно десната Алијанса за обединување на Романците (АУР) на чело со Жорже Симион, кој е со 10% освоени гласови во парламентот.
Останува да се види реакцијата на Владата на Романија, бидејќи притисокот ќе се зголемува секој ден.


