Фото: EPA-EFE/ANDREW YATES

Рој Хоџсон на 75 години се врати во Кристал Палас

Рој Хоџсон ќе го продолжи својот рекорд за најстар менаџер во Премиер лигата откако утрово стигна повтрда дека се враќа на клупата на Кристал Палас.

Хоџсон има 75 години и 224 дена и со секој следен натпревар на клупата на Палас ќе го подобри рекродот кој тој го постави. Пред Кристал Палас на почетокот на минатата сезона кратко го водеше Вотфорд кој подоцна испадна од Премиер лигата.

Кристал Палас имаше солиден почеток на сезоната со Патрик Виера, но во 2023 година клубот на 12 натпревари не успеа да победи, па раководството беше принудено да го смени Французинот.

Во овој момент тимот е на три бода од опасната зона и Хоџсон ќе се обиде да го спаси од испаѓање клубот кој го водеше од 2017 до 2021 година. Кристал Палас е и неговиот клуб од детството каде што започнал да тренира во тинејџерските години и беше негов прв професионален клуб во 1965 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот