Роџерс е лут како рис: Самоубиство е што за 48 часа ќе играме со Сити и Ливерпул

Брендан Роџерс не е незадоволен од распоредот на натпревари во Премиер лигата/ фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Менаџерот на Лестер, Брендан Роџерс, смета дека „самоубиство“ што неговите фудбалери мора да играат против Ливерпул само 48 часа по натпреварот против Манчестер сити во Премиер лигата.

Лестер вечерва од 21 часот ќе го пречека Ливерпул, откако пред два дена загуби со 3:6 од Манчестер сити. Роџерс за дуелот со Сити не можеше да смета на неколку стандардни првотимци поради повреда или болест, а се очекува иста да биде ситуацијата и за вечерашниот натпревар.

– Распоредот е смешен и тоа сите го знаеме. Фудбалерите не се потполно опоравени 72 часа по натпревар, така што е смешно да мора да играме против Ливерпул вечерва. Морам да ги подготвам играчите така што нема да имаме никакви физички тренинзи. Само опоравување и теорија – изјави Роџерс.

Роџерс има големи проблеми со повредите, Рајан Бертранд не настапи против Сити бидејќи го повреди коленото на загревање, додека Џејми Варди и Вилфред Ндиди не беа ниту на клупата, а надвор од комбинација за настап се и Рикардо Переира, Чаглар Сојунчу, Џони Еванс и Весли Фофана.

Лестер моментно се наоѓа на 10 позиција на табелата со 22 бода, додека Манчестер сити е лидер со 47 бода, а Ливерпул е на делба на второто место со 41 бод.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот