Родриго де Пол од Атлетико Мадрид во Интер Мајами
Родриго де Пол (30), аргентинскиот фудбалер, е новото засилување на Интер од Мајами. Играчот од средниот ред, кој настапиваше за Атлетико Мадрид од 2021 година, се пресели во американската МЛС лига, каде што повторно ќе соработува со сонародникот Лионел Меси.
Препорачано
Имаше договор со „Јорганџиите“ до 2026 година, но поради тешкотии при неговото продолжување, тој одлучи да го промени клубот, завршувајќи го својот престој во шпанската престолнина по четири сезони.
Донесен од Удинезе за 36 милиони евра, Де Пол имаше одлични игри во дресот на Атлетико, особено во последната сезона, иако без очекуваната конзистентност.
Трансферот во САД му донесе на шпанскиот клуб околу 15 милиони евра, вклучувајќи ги и бонусите, што им овозможи да вратат дел од парите што ги вложија во 2021.
Аргентинскиот репрезентативец и истакната фигура во тимот што го освои Светското првенство во 2022 година, сега го носи својот талент во МЛС, каде што ќе се стреми да ја задржи водечката улога покрај Меси во Интер Мајами. Тој станува и трет светски шампион во тимот од Флорида, по Меси и Серхио Бускетс.
Aterriza otro campeón del mundo a Miami. Bienvenido, Rodri! 🇦🇷🤩
Read more: https://t.co/2TPKcpwS1y pic.twitter.com/26ZAb2o5lw
— Inter Miami CF (@InterMiamiCF) July 26, 2025


