Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Родителите ги испратија најмилите во градинка, на врата се мереше температура на секое детенце (ФОТО)

Градинките, водејќи се според протоколите, ги примија дечињата во градинка. На самиот влез медицинско лице со заштитна опрема им мереше температура на сите деца.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Престојот на децата се организира на начин на кој ќе се избегне меѓусебен контакт на различни воспитни групи, сместени во одделни простории согласно мoжностите, а игрите се препорачува да се организираат што е можно повеќе на отворено кога времето го дозволува тоа и во помали групи.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Приемот на деца по воспитна група треба да биде со десет минути временска разлика на влез на кој задолжително е растојание од два метри, а детето го спроведува еден родител и секогаш носи заштитна маска.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Ќе се врши секојдневна дезинфекција на превозните средства со кои се дистрибуира храна од главната кујна до другите објекти, лицата кои доставуваат храна задолжително треба да носат маски и ракавици, храната за децата треба да се остава пред занималната, а децата треба да јадат во неа со претходна дезинфекција на рацете и на масите.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Сите вработени во установата мора да носат заштитни маски, групите на деца на возраст до две години треба да има максимум по шест деца, а на возраст над две години по максимум 15 деца.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот