Роберт Патинсон и Суки Вотерхаус станаа родители: Бојата на количката го откри полот на бебето?

Суки Вотерхаус и Роберт Патинсон
Суки Вотерхаус и Роберт Патинсон / Фото: EPA

Англискиот актер Роберт Патинсон (37) и неговата свршеница, пејачката Суки Вотерхаус (32) станаа родители на нивното прво дете, објави „Дејли мејл“.

Странските медиуми објавија и фотографија на која Патинсон турка светло розова бебешка количка, а фотографијата можете да ја погледнете тука.

Пејачката чекорела веднаш до својот вереник и детето, а поради бојата на количката многумина шпекулираат дека двојката добила девојче. Младите родители биле во спортско модно издание.

Да потсетиме, Вотерхаус откри дека е бремена пред четири месеци, за време на нејзиниот настап на музичкиот фестивал „Корона капитал“ во Мексико Сити.

„Денеска решив да облечам нешто светкаво бидејќи мислев дека тоа може да го одвлече вниманието од нешто друго што се случува“, рече ѕвездата на телевизиската серија „Дејзи Џонс енд Д сикс“ („Daisy Jones & the Six“) на сцената, покажувајќи кон својот стомак, како што се гледа на видеото објавено на социјалните медиуми.

Патинсон и Вотерхаус се во романтична врска повеќе од пет години. Двојката е романтично поврзана откако првпат беа забележани заедно во Лондон во 2018 година, и оттогаш ја чуваат приватноста за себе. Како што објави „Пипл“, тие наводно се вериле во декември минатата година.

Вотерхаус зборуваше за Патинсон во интервју за „Тајмс“ во февруари минатата година, велејќи дека е „шокирана“ што била „толку среќна со некого речиси пет години“.

„Секогаш сум неверојатно возбудена кога ќе го видам неговото име на мојот телефон и мислам дека тој го чувствува истото за мене“, рече таа тогаш, додавајќи: „Секогаш имаме толку многу да кажеме и го сметам за многу смешен“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот