Роберт О’Брајан ќе го замени воинствениот Џон Болтон како нов советник за безбедност на Трамп

Фото: Профимедиа / Роберт O'Брајан

Американскиот претседател Доналд Трамп назначи нов национален советник за безбедност кој ќе го замени Џон Болтон, кој беше отпуштен минатата недела, објави Би-би-си.

Роберт О’Брајан, кој служеше како специјален претставник за работа со заложници во Стејт департментот, е избран за од страна на американскиот претседател за оваа функција.

О’Брајан ќе биде четвртиот национален советник за безбедност за време на мандатот на Трамп. Тој претходно во работеше во владата и за време на претседателските мандати на Џорџ В. Буш и Барак Обама.

– Работев долго и напорно со Роберт. Тој одлично ќе ја работи оваа функција – напиша Доналд Трамп на Твитер.

Тој доаѓа на позицијата откако како советници за безбедност на Трамп му служеа Џон Болтон, ХР Мекмастер и Мајкл Флин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот