Роберт де Ниро го загуби судскиот спор: Мора да ѝ плати 1,2 милиони долари на поранешната асистентка

Фото: David Dee Delgado / Getty images / Profimedia

Компанијата на Роберт де Ниро мора да ѝ плати на поранешната вработена 1,2 милиони долари поради тврдењата за родова дискриминација и одмазда, пренесува „Би-би-си“.

Одлуката на жирито става крај на повеќегодишната правна битка меѓу актерот и Греам Чејс Робинсон, која започна по нејзината оставка од продукцијата „Canal“.

Робинсон тужеше за 12 милиони долари, тврдејќи дека била малтретирана, омаловажувана, недоволно платена и третирана како „канцелариска сопруга“ на Де Ниро.

Фото: David Dee Delgado / Getty images / Profimedia

Но, поротниците не го најдоа актерот лично одговорен во граѓанското судење.

Асистентката била на платен список на Де Ниро 11 години. Вработена како негов личен асистент во 2008 година, таа подоцна била промовирана во потпретседател за производство и финансии во компанијата.

Фото: David Dee Delgado / Getty images / Profimedia

Но, откако дала отказ во 2019 година, таа поднела тужба за „емоционална вознемиреност и повреда на угледот“, тврдејќи дека тој често давал „вулгарни, несоодветни и родово навредливи коментари“ и ѝ доделувал „стереотипно женски“ задачи.

Тој инсистираше на тоа дека никогаш не бил навредлив, и иако призна дека понекогаш бил лошо расположен, ги негираше наводите на Робинсон.

Компанијата на Де Ниро поднесе тужба за 6 милиони долари, обвинувајќи ја за злоупотреба на канцелариски средства, кражба на имот на компанијата и префрлување на повеќе од 450.000 американски долари на нејзината лична сметка.

Но, по осум дена сведочење и пет часа размислување за тужбите, поротата не ја најде г-ѓа Робинсон одговорна за ниту едно од тврдењата за финансиска злоупотреба.

Де Ниро не беше во судницата кога во четвртокот гласно беше прочитана пресудата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот