Робен доби неочекувана понуда да се врати на фудбалот

twitter/Urban Football Show

Одличниот Холанѓанец и понатаму е интересен за екипите, а овој пат доби конкретна понуда од Јужна Америка.

Арјен Робен по завршувањето на минатата сезона замина во фудбалска пензија, но не се „запушти“ и во време на пандемијата на коронавирусот, тој се одржуваше во форма така што тренираше заедно со играчите од неговиот последен клуб, Баерн Минхен.

Згора на тоа Робен планира да го смени спортот, се подготвува да трча на маратон, а сега му пристигна интересна понуда за да се врати на фудбалот.
Бразилскиот тим Ботафого му нуди договор на „лечеткиот“ Холанѓанец.

– Нормално дека постои ризик бидејќи долго време не играше, но Робен е мојот идол и мислам дека се уште е одлучен фудбалер. Беше најдобар играч на СП 2014 година, и е среќен поради интересот на Ботафого – изјави потпретседателот на бразилскиот тим, Рикардо Ротенберг.

Ротенберг дури најмил и агент кој ќе се обиде да го премисли Робен и наместо на маратонските трки, да се врати на фудбалот.

Во бразилскиот тим се надеваат дека ќе добијат помош и од поранешен соиграч на Робен од холандската репрезентација, Кларенс Седорф, кој кариерата ја заврши токму во Ботафого.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот