РК Вардар 1961 стартуваше со победа на струшкиот ракометен турнир

фото: facebook.com/rkvardar

Играчите на тренерот Владо Недановски денеска со триумф го започнаа настапот на меѓународниот ракометен турнир „Струга 2023“.

Ракометниот клуб Вардар 1961 убедливо со конечен резултат 29:17 славеше против домаќинот Струга.

Најефикасен кај скопските „црвено-црни“ беше Ален Ќосевски со пет голови, а по четири имаа Томислав Јагуриновски и Милан Лазаревски.

Вардар в четврток е слободен, а во петок ќе ги одмери силите против ГУИФ Ескилстуна од Шведска.

На вториот ден од турнирот РК Струга ќе игра против ГУИФ Ескилстуна, а на третиот ден ќе биде слободна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот