Фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ

РК Вардар 1961 ќе настапи на силен турнир во Хрватска

Ракометниот клуб Вардар 1961 на крајот од јануари ќе одигра важен меѓународен турнир во Хрватска, каде што ќе настапи на четвртото издание на „Labin Handball Cup 2026“ во Лабин. Турнирот ќе се игра на 30 и 31 јануари и ќе собере сериозни имиња од регионалниот ракомет.

Скопските „црвено-црни“ својот полуфинален натпревар ќе го одиграат на 30 јануари од 18.00 часот против словенечкиот тим Слован Љубљана. Во второто полуфинале, од 20.15 часот, ќе се сретнат хрватските екипи на Загреб и Сесвете.

Победниците од полуфиналните дуели ќе играат во големото финале на 31 јануари од 20.15 часот, додека поразените тимови истиот ден од 18.00 часот ќе разигруваат за третото место.

За Вардар ова ќе биде одлична можност да ги провери формата и тактичките решенија против силни ривали од Словенија и Хрватска, но и шанса стручниот штаб да им даде повеќе минутажа на сите играчи пред продолжението на сезоната во домашното првенство и европските настапи.

Екипата ќе отпатува во комплетен состав, само Николас Боно ќе отсуствува и ќе паузира до 1 февруари по настапот за Аргентина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот