Фото. rkvardar.com.mk

РК Вардар 1961 ја продолжи соработката со Марио Келентриќ до 2028 година

Ракометниот клуб Вардар 1961 ја продолжи соработката со тренерот на голманите Марио Келентриќ, кој и во наредните две сезони ќе остане дел од стручниот штаб на „црвено-црните“. Според новиот договор, Келентриќ ќе работи во клубот до јуни 2028 година.

Келентриќ пристигна во Вардар во јуни 2025 година, и легендарниот хрватски голман дојде во Скопје со богато искуство и енергија, откако работеше во Германија. Беше дел од „златната генерација на Хрватска“ која го освои светското злато во 2003 година во Португалија и среброто на Олимписките игри во Атина 2004.

Бранеше за Загреб, Целје, Метковиќ, Тусем Есен и Мелсунген, а како тренер работеше во Гумерсбах, каде четири години беше задолжен за сите категории на голмани во клубот. Исто така работеше и со репрезентацијата на Босна и Херцеговина, како и во ППД Загреб и Слога Добој.

Одлуката за продолжување на соработката доаѓа по сезона во која Вардар се врати на трофејните патеки на домашната сцена и повторно ја освои двојната круна во Македонија.

Голманите на Вардар на многу натпревари беа еден од клучните фактори за добрите резултати, а за нивната форма се грижи Келентриќ. Покрај домашните успеси, Вардар имаше и значаен европски настап, откако стигна до Топ-8 фазата во Лига Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот