РК Пролет: Само со соодветна отштета Вардар може да ги доведе Аларов и Јагуриновски

фото: rkprolet.mk

Управниот Одбор на АД Ракометен клуб Тинекс Пролет изразува големо задоволство од игрите и резултатите на екипата во првиот дел од натпреварувачката сезона. Освоеното второ место во групата од Супер-лигата е доказ за квалитетната работа во изминатите месеци и максималното залагање на сите ракометари за исполнување на заедничката цел – излез во ракометна Европа.

Пред Тинекс Пролет се наоѓаат сериозни предизвици во натпреварувањето во плејофот, но како и секогаш досега, подготвени се на спортска борба за бодови и надигрување со сите противници.

Финансиите не се никаков проблем, буџетот е стабилен, а ваучерот за 2022 година целосно наплатен, за што јавно упатува благодарност до спонзорите и помагателите на ракометниот колектив. Со тоа се овозможува дополнителна сигурност и стабилност, по што ракометарите ќе можат да се насочат кон она што е најважно за нив – тренинзите и натпреварите во дресот на Пролет.

Добро познато е дека Томи Јагуриновски и Михаил Аларов, по одличните настапи за Тинекс Пролет во првиот дел од сезонава потпишаа договори со РК Вардар почнувајќи од сезоната 2023/24.

– Ние сме горди што имаме двајца исклучителни професионалци во своите редови и желба на сите во клубот е Јагуриновски и Аларов да ја доиграат сезоната во РК Тинекс Пролет и да помогнат во остварувањето на клупските цели. Потсетуваме дека и двајцата ракометари имаат валидни договори со РК Тинекс Пролет до јуни 2023 , по што од срце ќе им посакаме многу среќа во преселбата во таборот на „црвено-црните“. „Јавна тајна“ е дека Вардар сака да ги доведе Аларов и Јагуриновски додека тие се уште се под договор со Тинекс Пролет, но на нашиот скопски ривал треба да му е јасно дека тоа не може да се оствари без соодветна отштета, нешто што е сосема нормална работа во светот на спортот при трансфери на играчи од еден во друг клуб – информираат од РК Тинекс Пролет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот