Фото: rkeurofarmpelister.com

РК Еурофарм Пелистер ја прифати оставката на Стевче Алушовски

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер денеска ја известува јавноста дека по поразот во полуфиналето на Купот на Македонија во Струмица, тренерот на екипата Стевче Алушовски поднесе оставка од својата позиција.

Клубот од Битола ја прифати оставката и му се заблагодари на Алушовски за професионалната работа.

До крајот на оваа натпреварувачка сезона екипата ќе ја води асистентот на Алушовски, Алексо Лембанов.

Потсетување, во полуфиналето од македонскиот ракометен куп, Еурофарм Пелистер загуби од ГРК Охрид со 26:19.

Алушовски седна на клупата на почетокот на јануари годинава, го водеше тимот и во Лигата на шампионите и за тој период имаше два порази против Висла и Барселона, и ремизираше со ГОГ и ПСЖ. На крајот Еурофарм Пелистер не успеа да обезбеди место во плејофот и го освои претпоследното седмо место со шест бодови во групната фаза.

Битолската екипа во домашниот шампионат ја очекува уште пет натпревари, следниот ќе го има на 25 април на домашен терен против Тиквеш. На табелата води Вардар 1961 со 52 бодови, пред Еурофарм Пелисер и ГРК Охрид кои имаат по 44.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот