РК Алкалоид го суспендираше тренерот обвинет за физички напад

Фото: РК Алкалоид

Раководството на РК Алкалоид донесе одлука за суспензија на три месеци за тренерот Влатко Котески на три месеци.

Котески е суспендиран поради физички напад на млад ракометар на турнир во Унгарија. Инцидентот беше потврден во билтенот на МВР на 6-ти јуни, а до дeнешното соопштение клубот се немаше огласено.

Во соопштението се наведува дека суспензијата може и да се прекине или продолжи во зависност од исходот на истрагата.

„Изречената суспензија може да се прекине и пред завршување на периодот од три месеци за кој е изречена, доколку се донесе правосилна одлука по спроведена Дисциплинска постапка во рамки на Клубот или се донесе Одлука од надлежен државен орган со која е одлучено за поведението на помошникот тренер.

Правилната работа, дефинираниот систем на функционирање, како и интегритетот и кредибилитетот во работењето се основните начела за кои се залага овој клуб. Клубот посветува големо внимание на работата со младите категории на ракометари, како и на воспитувањето и на грижата за правилен развој и за градење здрави спортски личности.

Во согласност со клупската култура и со спортскиот дух, со помош на правилна организација и стручна работа, РК Алкалоид ќе продолжи во остварување на својата визија и мисија да овозможи квалитетен и напреден тренажен процес за развивање и за градење врвни ракометари во македонскиот ракомет“, стои во соопштението.

Татко на малолетен ракометар од Скопје пријавил дека тренерот го нападнал син му во Унгарија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот