РК Алкалоид го декласираше Вардар Неготино и ќе пренесе два бода во плеј-офот

РК Алкалоид до нови суперлигашки бодови во салата „Автокоманда“/фото: facebook.com/rkalkaloid

На последниот натпревар на домашен терен во првата фаза од македонската ракометна Суперлига, РК Алкалоид убедливо го совлада РК Вардар Неготино со конечен резултат 40:16 во салата „Автокоманда“ во Скопје.

На овој натпревар кај екипата на Кирил Лазаров, најефикасен беше Мартин Серафимов со седум голови, додека Дарио Кофилоски постигна шест.

На спротивната страна за составот на Вардар Неготино блескаше Драган Кузманов со пет погодоци, еден помалку запиша Петре Пеовски.

Со овој триумф, на едно коло до крајот, РК Алкалоид го верификуваше второто место во групата „А“ и во плеј-офот ќе пренесе два бода.

На табелата Алкалоид е второпласиран со 33 бодови, шест помалку од водечкиот Вардар 1961, додека Вардар Неготино е на претпоследното седмо место со три бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот