Ристовски: Повторно загубивме на наши грешки

Милан Ристовски/фото: EPA-EFE/Georgi Licovski

Фудбалската репрезентација на Македонија со поразот од Грузија од 2:0 во петтото коло во Лигата на нации ги загуби шансите за првото место во групата 4 во дивизијата Ц.

Напаѓачот Милан Ристовски смета дека „црвено-жолтите“ повторно од Грузија загубија поради сопствените грешки. На натпреварот што се играше во Скопје, Грузија славеше со 0:3.

– Жалиме што повторно загубивме на наши грешки, исто како и на дуелот во Скопје. Некои грешки се повторија, а имаше и неочекуван пад на концентрацијата. Заслуживме повеќе од овој натпревар, имаме квалитет, но сега не ни останува ништо друго освен да се одмориме добро, да ги анализираме грешкитее и да пробаме да ги поправиме на последниот натпревар во Скопје. Фаворит во фудбалот не постои. Сигурно дека ќе има психолошки пад во нашата енергија, но се надевам дека ќе го пребродиме тоа и ќе извојуваме победа над Бугарија – вели Ристовски.

Во последното коло во Лигата на нации, Македонија в понеделник на Националната Арена „Тодор Проески“ ја пречекува Бугарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот