Ристовски: Ова е поттик за понатаму, не смееме тука да запреме

Фото: ФФМ

Македонија ја слави големата победа над првиот фаворит во групата Германија од 1:2 вчера во Дуизбург во рамките од квалификациите за Светското првенство.

И Стефан Ристовски многу придонесе во делот на одбраната, спречувајќи ги бројните налети на квалитетните германски репрезентативци.

Дефанзивецот на Динамо Загреб вели дека за вакви натпревари се живее и дека дури сега сфаќаме каков успех направивме.

– Ние победивме гигант на светскиот фудбал, повеќекратен европски и светски шампион. Голем успех за Македонија. Ова треба да ни даде поттик за понатаму, поголема сила и не смееме тука да запреме.

Квалитетот и талентот го покажавме на најдобар начин – се зборовите на Ристовски на официјалната фејсбук страница на Фудбалската репрезентација на Македонија.

Пандев: Храбрите ги следи среќата, оваа генерација заслужува многу поголем респект

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот