Ристовска побара затворски притвор за Мијалков: Има адреса во Прага и е добро ситуиран за да живее во бегство

„Мерката куќен притвор не е доволна за обвинетиот Сашо Мијалков. Како Обвинителство бараме ефективен затворски притвор“, истакна обвинителката Ленче Ристовска денеска по изрекувањето на пресудите за случајот Таргет – Тврдина.

Според неа, ова барање се должи на фактот што полицијата нема ресурси за да го исполни очекувањето за визуелно следење во куќен притвор.

-Мијалков воедно има и адреса на живеење во Прага, ни потврди Европол, рече Ристовски, додавајќи дека станува збор за добро ситуиран човек, кој може да обезбеди логистика за живеење во бегство.

Ристовска побара мерка притвор и за обвинетите Никола Бошковски и Горан Грујовски, иако се во бегство, но би завршиле зад решетки веднаш штом бидат достапни за полицијата. И за Тони Јакимовски, иако веќе е неправосилно осуден за друго дело, беше побаран затвораки притвор.

Бранителот на поранешниот шеф на УБК, Љупчо Шврговски истакна дека нема основи за ефективен притвор.

-Тоа што државата не може да обезбеди средства за надзор за куќен притвор, не може да се става на товар на Мијалков, нагласи Шврговски.

Претходно судот ги прогласи за виновни, и на првообвинетиот Сашо Мијалков му изрече 12-годишна затворска казна. Горан Грујевски доби 15 години казна затвор, а началничката Надица Николиќ 3 години затвор. Тони Јакимовски, поранешниот шеф на кабинетот на Мијалков, за делата што ги сторил доби шест години казна затвор.

-Обвинетите покажале став дека функционерите се над законот. Кога таков функционер ги нарушува законите, се уриваат правните темели на државата и од нив се очекува највисока одговорност. Но за себе создале слика дека се недопирливи, а оштетените загубиле секаква доверба во органите. Судот потврдува дека казните ги заработиле сите што заслужуваат. Пред законот ќе одговараат сите, бидејќи сите се еднакви пред законот. Во ова општество мора да владее правдата, правдата не смее да е селективна. Повредена е и приватноста, која е уставно неприкосновена. Оваа пресуда упатува порака во иднина никогаш повеќе функционерите да не сторат вакво дело, а припадниците на пониските структури да ги истражуваат постапките на надредените службени лица, поради значајноста на безбедносниот сектор,  ги образложи судијката Џанета Бегтовиќ изречените казни за обвинетите во „Таргет Тврдина“.

 

 

ВИДЕО | Пресуда со затворски казни: 12 години за Мијалков, по 15 години за бегалците Грујевски и Бошковски – Јанкуловска 4 години

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот