ВИДЕО | Пресуда со затворски казни: 12 години за Мијалков, по 15 години за бегалците Грујевски и Бошковски – Јанкуловска 4 години

Масовното прислушување се вршело со цел стекнување предност во политичкиот и општествениот живот, кажа при изрекувањето на пресудата судијата Владимир Туфегџиќ. Тој истакна дека овој предмет треба да биде опомена кон безбедносните органи, кои треба да ја запазуваат безбедноста дури и ако ја прекршуваат надредените лица.

-Очекуваме и независна истрага за домашниот притвор на обвинетиот Мијалков и утврдување дали има пропуст кај државните или правосудните органи, заклучи судијата Туфегџиќ.

Судијката Џенета Бегтовиќ, пак, нагласи дека предметот ‘Таргет-Тврдина’ е значаен предмет, со голема тежина, па оттаму во интерес на судиите и јавноста било истиот што поскоро да има завршница.

Судијката дополни дека со обвинителниот акт биле опфатени 217 оштетени лица, а биле изведени десетици материјални докази и сослушани мад 100 сведоци. Според образложението судот утврдил дека биле злоупотребени системите за прислушување на УБК, а злосторничкото здружување, на чие чело бил Мијалков, имал целосна контрола врз протокот на информации.

Прогласувајќи ги виновни, судот на првообвинетиот Сашо Мијалков му изрече 12-годишна затворска казна. Горан Грујевски доби 15 години казна затвор, а началничката Надица Николиќ 3 години затвор. Тони Јакимовски, поранешниот шеф на кабинетот на Мијалков, за делата што ги сторил доби шест години казна затвор.

Прогласена за виновна е и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, која е казнета со четири години затвор. Избеганиот Никола Бошковски, пак, заработи петнаесетгодишна казна затвор. Сите обвинети во ‘Таргет-Тврдина’ судот ги прогласи за виновни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот