Ристовска и ЦСКА Москва доминираат во Лигата на шампионите

фото: whccska.ru/Максим Серегин

Денеска во својот петти натпревар од новата сезона во женската ракометна Лига на шампионите ЦСКА Москва славеше со 28:30 против Брест Бретањ.

Ова е четврти триумф по ред за руската екипа во чии редови македонското десно крило Сара Ристовска запиша вкупно четири голови, колку што имаа уште Ведехина и Хејндал.

Кај нејзините тимски колешки поефикасни беа Михајличенко со седум голови, а пет реализираше Горшкова.

Манасков, Костески и Димитриевски први стрелци во Унгарија, Австрија и Шпанија

На првото место во групата „Б“ води ЦСКА Москва со девет бодови, пред данскиот Одензе и унгарскиот Ѓер кои имаат по осум.

Во наредното коло рускиот претставник дома ќе се соочи против хрватскиот состав на Подравка Вегета на 24 октомври.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот