Рио Фердинанд: Без напаѓач, шансите на Арсенал против ПСЖ не се големи
Поранешниот фудбалери на Манчестер јунајтед и Англија, Рио Фердинанд, ги сподели своите ставови за полуфиналниот натпревар од Лигата на шампионите помеѓу Арсенал и Пари Сен Жермен, нагласувајќи дека сè ќе биде одлучено врз основа на менталитетот и ставот на „топџиите“.
Препорачано
По поразот од 0:1 на „Емирати“, тимот на Микел Артета влегува во реваншот на 7 мај во Париз со тешка задача да ја надмине негативата од еден гол. Фердинанд ги истакна и тактичките предизвици со кои се соочува Арсенал и потребата од солидна одбрана и инспиративен играч кој ќе го носи победничкиот меч како Букајо Сака.
– Во овој момент не станува збор толку за квалитет, колку за став. Мора да веруваш, да излезеш на теренот и да кажеш: „Тука сме за да одиме во финалето“. Можеби начинот на игра нема да биде типичен за Арсенал, но ќе биде упорен. Ќе биде груб. Ќе биде валкан. И ќе најдат начин. Во Букајо Сака имаат човек кој може да го сврти натпреварот со еден допир – вели Фердинанд.
Сепак, Фердинанд изрази сериозна загриженост за „топџиите“:
– Мојата најголема загриженост е недостатокот на класичен централен напаѓач. Пари Сен Жермен може да игра еден на еден во одбраната доволно удобно за да остави повеќе луѓе напред и да ве изненади. Без напаѓач, шансите на Арсенал не се големи во реваншот – се зборовите на Фердинанд.


