РК Младост Богданци Фото: РК Младост/Фејсбук

РФМ повторно се пишмани: Бараж-натпреварот за влез во Суперлигата ќе се игра во Скопје

Ракометната федерација на Македонија по вторпат го промени местото на одигрување на бараж-натпреварот за влез во Суперлигата.

Иако најпрво беше најавено дека бараж-натпреварот ќе се игра во Прилеп, се случи промена и за домаќин беше предвиден Радовиш. Според најновите информации, ракометната федерација се пишманела и баражот ќе се одигра во спортската сала „Антон Димитров“ во скопската населба Бутел.

Натпреварот е предвиден да се одигра во среда од 19 часот, а ќе има и директен пренос и на националната телевизија.

Во бараж-натпреварот, Струга ќе го брани суперлигашкиот статус, додека пак Младост Богданци ќе се обиде да се врати во елитното друштво.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот