РФМ: Максимум шест странски ракометари од сезоната 2022/2023

фото: Слободен печат/Драган Митрески

Управниот Одбор на Ракометната Федерација на Македонија, согласно Член 35, 59 и 60 од Статутот поради итност на донесување на одлука согласно Член 3 точка 11 „Одлука без присуство“ од Законот за здружение и фондации (Сл. весник на РМ бр. 52 од 16.04.2010 год.) на ден 12.04.2021 год. донесе одлуки за усвојување на системот на натпревари, обврска на учесниците во Супер Лига за пријава на младински категории од сезона 2022/23 и број на ангажирање на странски играчи од сезона 2022/23 година во национален систем на натпревари при РФМ.

Во одлуката број 3 се однесува на бројот на ангажирани странски ракометари од сезоната 2022/2023.

Бројот на странски ракометари на натпревар за домашно првенство од сезона 2022/23 година може да изнесува вкупно максимум 6 (шест) ракометари:

1. Квота А: Максимум 3 (три) странски ракометари по произволен избор на клубовите;

2. Квота Б: Останатиот број до максимум 6 (шест) странски ракометари задолжително да имаат минимум 10 настапи за репрезентација на својата држава.

Клубовите имаат право, сите 6 (шест) странски ракометари да ги ангажираат според спецификациите од (Квотата Б), но немаат право да ангажираат повеќе од 3 (три) ракометари по избор (Квота А).

Ограничувањето за странските играчи се однесува единствено на националниот систем на натпревари при РФМ, за учество во Европските и Интернационалните клубски натпреварувања, клубовите имаат право да регистрираат неограничен број на странски играчи.

Повеќе околу првите две одлуки можете да прочитате ТУКА

Воедно РФМ склучи договор со со Спортски Центар „Борис Трајковски“ за изнајмување на простории (канцеларии) кои ќе бидат во функција за спроведување на активностите на сите националните селекции.

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Наградата во износ од 10.000 евра одредена за женска сениорска репрезентација за остварен максимален учинок на турнирот одржан за обезбедување пласман бараж за СП Шпанија 2021 ќе биде исплатена на 14.04.2021 година.

Наградата во износ од 20.000 евра одредена за машка сениорска репрезентација за победата против Светскиот и Олимпискиот шампион селекцијата на Данска ќе биде исплатена на 21.04.2021 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот