Резервирана му е „десетката“, Агуеро има понуда од поранешниот клуб!

Фото: EPA-EFE/JAMES BOARDMAN

Можно е Аргентинецот да се врати во својот поранешен клуб каде што ја започна професионалната фудбалска кариера, составот на Индепендиенте.

Серхио Агуеро, вистинската легенда на Манчестер сити, има веќе 31 година и сигурно дека се ближи денот кога ќе го напушти клубот.

Можно е Аргентинецот да се врати во својот поранешен клуб каде што ја започна професионалната фудбалска кариера, составот на Индепендиенте.

Тренерот на оваа екипа, Лукас Пусинери во разговор за „Супер Митер Депортиво“ рече дека „десетката“ е веќе резервирана за враќање на Агуеро.

Се надевам дека ќе дојде и мојот ред да го тренирам Серхио Агуеро. Му бев соиграч и се надевам дека во иднина ќе му бидам тренер. За него го чуваме бројот 10 – рече младиот стратег.

Пусинери во интервјуто додаде дека често е во контакт со Кун:

Не разговаравме во последните неколку дена, последен пат тоа се случи пред два месеци. Да се има Серхио во клубот би било одлично за сите кои го сакаат Индепендиенте – се зборовите на Пусинери.

Инаку, Агуеро има договор со „граѓаните“ до 30 јуни 2021 година и доколку не го продолжи истиот, ќе има можност да се врати дома.

Уште од претходно најавуваше дека кариерата би можел да ја заврши токму во овој клуб. Од 2003 до 2006 година има 54 натпревари и 23 голови за Индепендиенте.

Потоа, пет години беше дел од Атлетико Мадрид, а од 2011 година со Сити четирипати ја освои Премиер лигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот