Резервациите на Аирбнб во јули го достигнаа предпандемиското ниво

„Голем дел од резервациите се поврзани со патувања што ќе започнат на 7 август или пред тој датум”, се наведува во соопштението на Аирбнб .

Онлајн платформата за резервации за сместување Аирбнб соопшти дека на 8 јули се регистрирани еден милион резервации ширум светот, со што повторно е достигнато претпандемичното ниво.

„Голем дел од резервациите се поврзани со патувања што ќе започнат на 7 август или пред тој датум”, се наведува во соопштението на Аирбнб .

Порастот на резервациите го појаснуваат со потиснатата побарувачка, додавајќи дека повеќето резервации се оние со поповолни цени за сместување, на дестинациите поблиску до матичните земји на патниците.

Побарувачката за сместување нагло опадна во последните неколку месеци откако милиони туристи ги откажаа планираните одмори поради пандемијата.

Компанијата во такви околности ги прекина маркетиншките активности и го намали бројот на вработените за четвртина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот