Револуционерна метода на воспитување? Дали сте слушнале за правилото 3-6-9-12?

Зависноста од интернет зазема замав толку што во светот започнаа да се отвараат и клиники за лекување. Експертите од сите краеви на светот се здружија во потрагата по решение на овој проблем, но до магичната формула се уште не дошле.

Најдобриот предлог пристигнал од Австралискиот колеџ за педијатрија.

Експертите од оваа установа сметаат дека децата не би требало да се запознаваат со интернет уредите пред третата година. Дури и после тој период, би требало да постои ограничување од најмногу еден час дневно.

Тие всушност го предложуваат правилото 3-6-9-12, како образец за здрава употреба на современиот облик на комуникација. Еве што значи тоа:

– Нема користење на компјутер и телефон до 3 години.
– Без интернет до 6 години.
– Забрането е да играат игри пред 9 години.
– Не им дозволувајте да бидат на социјалните мрежи пред 12 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот