Аква парк - Борис Трајковски - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Аква парк - Борис Трајковски - Фото Слободен печат - Методи Здравев

Ревизија во СЦ „Борис Трајковски“: Не работи Аква паркот, нема приходи од паркирање, а неизвесно е и греењето на базенот

Во однос на Аква паркот, утврдено е дека во 2023 година, остварил за 41 отсто помал приход од очекуваниот. Поради тоа што неговото работење било економски неисплатливо, наредната година паркот е затворен. Покрај тоа веќе била истечена гаранцијата од 10 години на реквизитите, опремата и инсталациите во објектот.

Аква паркот не работи поради нефункционални објекти и реквизити, поради технички недостатоци не функционира соларниот систем на пливачкиот базен, со години не се остваруваат приходи од издавање на паркингот. Ова се само дел од проблемите со кој се соочува Друштвото за изградба, управување и издавање на повеќенаменската сала „Борис Трајковски“, а кои ги нотирал Државниот завод за ревизија во извештајот за 2023 година.

Со ревизијата утврдени се и други состојби, како и слабости во работењето со готовината, начинот на евидентирање на залихите на суровини и материјали, нецелосно извршен попис, непропишани прецизни надлежностите за Надзорниот одбор, слабости во актот за систематизација и актите со кој се уредува начинот на пресметка на платите и други неправилности и неусогласености.

Друштвото во 2023 година остварило приходи од закупнини во вкупен износ од 10.901 илјада денари, врз основа на 24 активни договори за издавање деловни објекти под закуп, а како што се наведува во извештајот, приходи се остваруваат и од продажба на добра и услуги во вкупен износ од 48.812 илјади денари, кои претставуваат 74 отсто од вкупно остварените приходи од продажба во 2023 година. Во 2024 година, овие приходи изнесуваат 55.182 илјади денари и се за 13% повисоки од приходите остварени во 2023 година.

Резултатите од анализата покажуваат дека приходите од користење на пливачки базен, лизгалиште, мала сала, куглана, конгресна сала и пинг понг центар во последните три години во континуитет бележат пораст кој продолжува и во 2024 година, додека Аква паркот има тренд на пад на остварените приходи, а во 2024 година не работи и не остварува приходи, посочуваат ревизорите.

Во однос на Аква паркот, утврдено е дека во 2023 година, остварил за 41 отсто помал приход од очекуваниот. Поради тоа што неговото работење било економски неисплатливо, наредната година паркот е затворен, за што друга причина била и истечената гаранцијата од 10 години на реквизитите, опремата и инсталациите во објектот.

Базенот „Карпош“ затворен на најмалку еден месец, 30 пливачки клубови „на суво“

Ревизорите укажуваат и дека е неизвесно натамошното функционирање на вградениот „соларен систем“ кој се состои од соларни панели и топлински пумпи за загревање на пливачкиот базен.А како што е познато, во изминатите месеци не работи ни базенот, откако од таванот отпадна делче, па уследи негово санирање.

Системот е ставен во употреба во 2014 година и функционирал со прекини заклучно до 2023 година, но поради утврдени технички недостатоци на соларните панели системот не функционира и за нив не е најдено ново соодветно решение, се посочува во ревизијата, се наведува во извештајот.

Ревизорите исто така утврдиле дека со години наназад не се остваруваат приходи од издавање на паркингот, за кој друштвото има добиено право на користење.

Во извештајот на ДЗР се објаснува и начинот на кој во 2011 година била изградена и опремена спортската сала Борис Трајковски, преку задолжување од Град Скопје за износ од 260.491 илјади денари, при што долгот требало да се отплаќа во три еднакви месечни рати, почнувајќи од 2011 година.

Поради неповолната финансиска состојба на друштвото, враќањето на долгот е пролонгирано за 8 години и започнало дури во 2019 година, при што последната рата е исплатена во 2023 година. Имајќи предвид дека друштвото во континуитет од 2019 до 2022 година работело со загуба и неговата ликвидност била нарушена, сите средства за отплатата на долгот се обезбедени од Буџетот на државата за што била зголемена основната главнина на друштвото во корист на државата, се истакнува во ревизијата.

За надминување на констатираните состојби дадени се препораки со цел преземање на мерки и активности од надлежните лица и органи во функција на подобрување на состојбите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот