Решфорд: Ливерпул не заслужи да освои бод

twitter.com/BBCMOTD

Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“ одигра 1:1 против Ливерпул и така ја прекина низата на овој тим од осум врзани победи.

Екипата на Оле Гунар Солскјер беше и поблиску до победата, но Редси во завршницата сепак стигнаа до израмнување и бод.

Поведоа домаќините со голот на Маркус Решфорд во 36. минута, а Лалана во 85. минута израмни на 1:1, па така Ливерпул остана непоразен иако не покажа игра каква што се очекуваше.

Решфорд после мечот рече дека неговиот тим повеќе покажа на теренот, доволно за освојување на трите бода.

– Се чувствуваме разочарани, ги заслуживме трите бода. Мислам дека противникот не беше доволно добар да освои бод или да триумфира, но ова е фудбал. Се надеваме дека наредната седмица ќе се вратиме на победничките патеки – рече Решфорд за „Скај Спортс“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот