Решена мистеријата по 19 години: Крадецот откри зошто ги украл култните црвени чевли од „Волшебникот од Оз“

Фото: Profimedia / Wikimedia

Минатата година, по 18 години од кражбата федералните обвинители го обвинија Тери Мартин (76) од Минесота за кражба на култните црвени чевли од филмот „Волшебникот од Оз“, кои биле дел од поставката на музејот „Џуди Гарланд“ во Гранд Рапидс, Минесота.

Во октомври 2023 година, Мартин се изјаснил за виновен и објаснил дека користел чекан за да ја пробие вратата на музејот, пред да ја скрши витрината и да ги украде чевлите кои биле осигурани на 1 милион долари.

Дури по 19 години поранешниот криминалец открил која е причината што се одлучил за кражбата. Тој кажал дека паднал во искушение да ги украде чевлите, откако негов стар соработник го излажал дека се украсени со вистински, скапоцени камења. Кога сфатил дека тоа се најобични стакленца, веднаш ги фрлил, пишува „Торонтно сан“.

Инаку, неговите бранители тврделе дека тој се откажал од криминалот, но дека се согласил да го направи „последниот грабеж“ на убедување на неговиот соработник.

„Отпрвин одбиваше да учествува, но старите навики тешко умираат. Помислата за уште една работа го држела буден. По долго размислување се согласил“, објасни адвокатот.

Тој додаде дека Мартин не го гледал култниот филм и дека не бил свесен за културното значење на украдените чевли. Обвнителите бараат од судијата да му изрече соодветна казна, иако Мартин се вели дека е тешко болен. Лекарите проценуваат дека ќе живее уште шест месеци, а кислород постојано му е потребен поради хронично нарушување на белите дробови.

Инаку, црвените чевли се централен фокус во филмот „Волшебникот од Оз“, со сцената, кога Дороти ќе ги спои петите од чевличките и ќе рече „нема место како дома“, таа се враќа назад во Канзас.

ВИДЕО | По 18 години пронајден крадецот на култните црвени чевли од „The Wizard of Oz“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот