Република Српска со вето за посетата на Џукановиќ во БиХ

Народното собрание на Република Српска утрово ја поддржа одлуката на српскиот член на Претседателството на БиХ Милорад Додик да стави вето на повикот на другите два члена на Претседателството (Жељко Комшиќ и Шефик Џаферовиќ) упатен до претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ да ја посети БиХ кон почетокот на март.

– Не е момент Мило Ѓукановиќ да дојде во официјална посета на БиХ и мислам дека зад тоа стои секој Србин и православец, изјави Додик вчера, пред денешното гласање во Народното собрание. – Сметам дека таа посета треба да се одложи и тоа прашање повторно да се активира по смирувањето на ситуацијата во Црна Гора….Сметам дека кога се загрозуваат српските национални права врзани за Српската православна црква и нејзиниот идентитет во Црна Гора не е најдобар момент на Ѓукановиќ да му се даде медиумска и политичка сцена во политичко Сараево, рече Додик.

Прочитајте и...  Уставниот суд ја разгледува одлуката за распуштање на Собранието

По маратонската, десетчасовна седница во Бања Лука, утрово во пет часот одлуката за вето беше усвоена со дветретинско мнозинство, односно 56 пратеници беа „за”, а никој не беше против ниту воздржан.

Пратениците, исто така, усвоија заклучок во кој се наведува дека Спогодбата за статусот на БиХ и ЕУ за дејствување на Фронтекс во најголемиот дел не е спорна за Република Српска, но за РС е неприфатливо да биде усвоена без согласност и учество на Министерството за внатрешни работи на Република Српска. Во друг заклучок се наведува дека се задолжува српскиот член на Претседателството на БиХ да почне нова иницијатива и преговори за склучување Спогодба за статусот меѓу БиХ и ЕУ за дејствувањето на Фронтекс во БиХ, со задолжително мислење и ставови од надлежните органи на РС.

Прочитајте и...  Американски разузнавачи уште во ноември предупредиле за опасна болест во Вухан

Прочитај повеќе

Бројот на крводарители сведен на минимум

Слободен печат

Авганистан денеска ослободи 100 талибански заробеници

МИА Агенција

Спасовски: Владата во ниту еден момент не заборави на граѓаните на Општина Куманово

Слободен печат

Лајчак известен дека Курти лично ќе го предводи косовскиот тим за преговори со Србија

Слободен печат

Што после коронавирусот? Започнува „втората фаза“ – Овие земји во Европа почнаа да ги олабавуваат мерките

Слободен печат

Не чекале коронатест – патници од индонезиски брод скокале во море и пливале до брегот

МИА Агенција

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Постигнат договор во ОПЕК за намалување на дневното производство на нафта

МИА Агенција

Оваа техника за дишење може да им го спаси животот на заболените од коронавирус: Англиски лекар објаснува како да ги спасите белите дробови (ВИДЕО)

Слободен печат

Бебе заразено со коронавирус во Македонија

ЕЦДЦ: Европа сѐ уште не го достигна врвот на епидемијата

МИА Агенција

Стравувајќи од нова епидемија Кина стави во карантин регион од 640 илјади луѓе

Дејан Андоновиќ

Синот на српскиот претседател Вучиќ заразен од коронавирус: „Сине ќе победиш, те сака тато“

Слободен печат