Рамковен Дуи/Фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ

Реорганизација и обнова на структурите: ДУИ денеска ќе го одржи петтиот конгрес

Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска во Скопје ќе го одржи својот петти конгрес, на кој се очекува реорганизација и обновување на партиските структури.

Потпретседателот и портпарол на ДУИ, Арбр Адеми, по локалните избори изјави дека Конгресот ќе биде посветен на внатрешно зајакнување на партијата и нејзина подготовка за идните политички предизвици.

По седницата на Советот на ДУИ одржана минатиот месец, од партијата соопштија дека Конгресот ќе претставува значаен момент за дефинирање на понатамошниот политички, организациски и програмски правец.

„Конгресот претставува клучен процес за политичката визија, зајакнувањето на внатрепартиските демократски механизми и подготовката на структурите за новите предизвици“, соопштија од ДУИ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот