Ренџерите од Маврово спасиле повреден планинар на Кораб
Повреден планинар денеска бил успешно спасен на планината Кораб, откако преку Единствениот број за итни повици 112 била примена пријава дека поради повреда не е во состојба да се движи, информира Центарот за управување со кризи.
Препорачано
Како што соопшти ЦУК, веднаш по добиената пријава, Регионалниот центар за управување со кризи Тетово започнал координација со СВР Тетово, Полициската станица Маврово и Национален парк Маврово, со цел брза интервенција на терен.
Ренџерите од Националниот парк успеале да го лоцираат повредениот планинар, кој бил во стабилна состојба. Потоа започнала акција за негово безбедно спуштање кон селото Жужње.
Во селото планинарот бил преземен од екипа на Итната медицинска помош од Гостивар, по што бил транспортиран на понатамошен медицински третман.
Од ЦУК информираат дека благодарение на брзата реакција и координацијата меѓу сите надлежни служби, спасувачката акција завршила успешно, а повредениот планинар е безбедно евакуиран и во стабилна состојба.
ЦУК: Ефикасно и брзо е пронајдено залутаното лице кај Мрежичко на Кожуф
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
4час
-
5час
-
6час
-
6час
-
7час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


