Фото: Слободен печат/Методи Здравев

Рекордна заплена – конфискувани 700 илјади евра на хрватската граница

Албански државјанин на излез од Хрватска во автомобилот скрил над 700 илјади евра, соопшти царината. Парите се запленети за време на
засилениот надзор спроведен од страна на службениците на Службата за борба против шверц и мобилните единици Дубровник, заедно со службениците на Полициската управа Дубровник-Неретва.

Возачот не ги пријавил парите и на таков начин не ја исполнил законската обврска. Целата пронајдена количина е конфискувана, а осомничениот возач е уапсен под сомнение за сторено кривично дело и предаден на надзорникот за притвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот