Рекорден број супер високи згради се завршени во 2019 година

Дури 126 згради со висина од над 200 беа завршени во 2019 година. Меѓу нив се и 26 „супер високи“ згради со висина од најмалку 300 метри, што е нов светски рекорд.

Ова го посочува „Годишниот извештај за 2019 година“ на Советот за високи згради и урбанистичко живеалиште за трендовите во високите згради, цитиран од „World Property Journal“.

Вкупниот број на супер високи згради во светот сега е 170. Во 2013 година, имаше 76 згради со висина од над 300 метри, а во 2000 година тие беа само 26. Со висина од 530 метри „Tianjin CTF Finance Centre“ во Тијанџин, Кина беше највисоката завршена зграда во 2019 година.

– Веќе петта година по ред, изградивме зграда висока над 500 метри, што е извонредно достигнување за градежната индустрија. Пред само 15 години, немало такви згради, рече главниот извршен директор на „CTBUH“, Ентони Вуд.

Вкупниот број на завршени згради со висина од најмалку 200 метри во 2019 година е намален за 13,7% (во 2018 година тие беа 146). Ова е прва година што вкупниот број на завршени високи згради се намали од падот во 2010 и 2011 година, поради одложувањето на проектите поради рецесијата во 2008 година. Поради долгото време што е потребно за изградба на облакодери, многу завршени проекти во 2019 година беа планирани и започнати пред најмалку пет години, што се одрази на еволуцијата на животната средина во текот на претходната половина деценија.

Но, 2019 година се покажа значајна за некои области каде што сè уште нема изобилство на високи згради, а во некои случаи никогаш не биле на списокот со згради од над 200 метри. Африканскиот континент и Алжир ја добија својата нова највисока зграда – Големата џамија на Алжир (265 м).

На другиот крај на Африка, 227-метарската зграда „Леонардо“ во Јоханесбург, Јужна Африка, стана новата највисока зграда во земјата и втора највисока на континентот. Европа, исто така, се здоби со нова највисока зграда по долг период на планирање (вклучувајќи ја промената на локацијата) – облакодерот „Lakhta Center“ со висина од 462 метри во Санкт Петербург. И во Бразил, завршена е „Infinity Coast Tower“ (235 метри), која е прва зграда во земјата со висина од над 200 метри, и покрај изобилството на високи згради таму.

За 2020 година, од „CTBUH“ очекуваат да се завршат сличен број на згради со висина од 200 метри – помеѓу 115 и 145 згради. Од нив, меѓу 17 и 30 ќе бидат супер високи (од над 300 метри).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот