Буагати Резиденс во Дубаи - Фото: INSTAR Images / Profimedia

Рекорд на Блискиот Исток: Пентхаус во Дубаи достигна цена од 150 милиони долари

Нов луксузен пентхаус во Дубаи е продаден за дури 150 милиони долари, што претставува рекордна цена не само за Обединетите Арапски Емирати, туку и за целиот Блиски Исток, пишува „Калиџ тајмс (Khaleej Times)“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Binghatti بن غاطي (@binghatti)

Станот е продаден од агенцијата за недвижности „Бингати Пропертис“ (Binghatti Properties), а се наоѓа во комплексот „Буагати Резиденсес“ (Bugatti Residences) во деловната зона Бизнис Беј (Business Bay). Пентхаусот се простира на вкупна површина од 4.385 квадратни метри.

„Од почетокот на годинава заземавме водечка позиција на пазарот на недвижности во Дубаи, со повеќе од 14.000 продадени единици, надминувајќи ги и јавните и приватните конкуренти“, изјави Мухамед Бингати, извршен директор на компанијата „Бингати“.

Тој додаде дека „Бингати“, како најбрзорастечки учесник на пазарот на недвижности во Дубаи, сега се наоѓа меѓу трите најголеми инвеститори во градот, со значителен пазарен удел, според најновите податоци од Одделот за земјиште на Дубаи (Dubai Land Department).

Идентитетот на купувачот не е објавен. Претходниот рекорд за најскап продаден пентхаус во Дубаи го држеше кулата Комо Резиденсес (Como Residences), проект на компанијата „Нахил“ (Nakheel), висока 71 кат и сместена на Палм Џумеира (Palm Jumeirah), чија изградба треба да заврши во 2027 година.

Луксузните недвижности во Дубаи сè повеќе привлекуваат светски познати личности, меѓу кои и врвни спортисти. Од компанијата „Бингати“ соопштија дека фудбалските ѕвезди Нејмар Жуниор (Neymar Jr.) и Ајмерик Лапорт (Aymeric Laporte) се меѓу познатите личности кои купиле недвижности во комплексот Буагати Резиденсес (Bugatti Residences).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот